1. ИНФОРМАЦИИ ЗА ДРУШТВОТО

 

Целосен назив на друштвото:   Осигурително брокерско друштво Ризико Осигурување АД Скопје

Краток назив на друштвото:     Ризико Осигурување АД Скопје

Правен статус:                              Акционерско друштво

Седиште:                                        Пролет бр.9А-Приземје, 1000 Скопје

Подружница бр.1:                        Пролет бр.9А/1, 1000 Скопје

Матичен број на друштвото:     7216572

 

Друштвото е основано по добиена дозвола за вршење осигурително брокерски работи, издадено од Агенцијата за супервизија на осигурување, заведно под број:  УП19-1-136 од 19.06.2017 година.

 

Контакт информации:

  • адреса за комуникација: Пролет бр.9А/1, 1000 Скопје       
  • телефонски број: + 389 23 166 222
  • мобилен број: + 389 76 507 300
  • електронска пошта: office@riziko.mk       
  • интернет страница: riziko.mk

Ризико Осигурување АД Скопје е основано во 2017 година како акционерско друштво со дозвола за вршење осигурително брокерски работи.

Друштвото делува независно со професионален пристап на пазарот на осигурување во согласност со важечките закони и подзаконски акти во Република Северна Македонија.

Ризико Осигурување АД Скопје нема правна или економска поврзаност со други правни лица која би можела да влијае врз независноста, објективноста или транспарентноста при вршењето на осигурително брокерската дејност и исполнувањето на обврските кон клиентите.

 

      2. ИНФОРМАЦИИ ЗА КЛИЕНТИ

       2.1 НАДЛЕЖЕН ОРГАН

             Надлежен орган за надзор и супервизија врз работењето на друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурување и осигурително брокерските друштва е Агенцијата за за супервизија на осигурување. 

Договорувачите на осигурување и осигурениците имаат право да достават жалба за работењето на друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва , друштвата за застапување во осигурување и застапниците во осигурување или пак да покренат вонсудска постапка за решавање на спорови, предвидено со член 154-а од Законот за супервизија на осигурување која има за цел да обезбеди брзо, ефикасно и непристрасно решавање на споровите без водење на судска постапка. Вонсудската постапка се спроведува преку Агенцијата за супервизија на осигурување, која делува како медијатор помеѓу страните.

Агенција за супервизија на осигурување

Адреса: Ул. Македонија бр.25,  Палата Лазар Поп Трајков, кат 5, 1000 Скопје,

Веб-страница:  www.aso.mk
Телефон: +389 2 3254 050
Е-пошта: contact@aso.mkpretstavki@aso.mk

 

       2.2 УЛОГАТА НА БРОКЕРОТ

             Осигурителното брокерско друштво е посредник кој ги застапува единствено интересите на осигурениците и договорувачите на осигурување.

      Како клиент на нашето друштво, имате право на:

  • Бесплатна стручна помош и советување при избор на соодветно осигурително покритие
  • Навремено известување за обнова на полиси во договорени рокови (30, 15, и/или 5 дена)  пред истек на осигурувањето преку повеќе канали на комуникација (е-пошта, СМС, редовна пошта)
  • Изработка на анализа на ризик и предлог за соодветно осигурително покритие согласно потребите и можностите на осигуреникот и договорувачот на осигурување
  • Обезбедување на соодветни понуди од друштвата за осигурување
  • Компративна анализа на добиените понуди од друштвата за осигурување и содржината на условите за осигурување од различни друштва за осигурување
  • Помош при подготовка и поднесување на документацијата за склучување на договор за осигурување
  • Помош и посредување при поднесување на оштетно побарување во случај на настанување на осигурен настан
  • Заштита на Вашите интереси и застапување пред друштвото за осигурување за време на траењето на осигурувањето

Нашето друштво останува на ваша страна за сите прашања поврзани со полисата за осигурување, вклучително и при евентуални побарувања или несогласувања.

 

       2.3 ПОДНЕСУВАЊЕ НА ОШТЕТНО ПОБАРУВАЊЕ

            Во случај на настанување на осигурен случај, Вие имате право да поднесете оштетно побарување директно до друштвото за осигурување, согласно условите наведени во вашата полиса.

      Нашето осигурително брокерско друштво Ви нуди:

  • Асистенција при подготовка на потребната документација
  • Помош при пополнување на формуларите и пријава на штета
  • Информации за роковите и процедурата на обработка на побарувањето
  • Поддршка при комуникацијата со друштвото за осигурување

      Наша обврска е да Ви помогнеме во заштита на Вашите права и интереси од моментот на пријава на штета, до нејзиното конечно решавање.

 

       2.4. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИГОВОР / ЖАЛБА

      Доколку имате забелешка или незадоволство од нашето работење, имате право да поднесете приговор на следниов начин:

  • Преку достава на пошта на адреса: Пролет бр.9А/1, 1000 Скопје
  • Преку е-пошта: office@riziko.mk       
  • Лично во нашите простории

       Ние сме должни да Ви испратиме одговор во рок од 15 работни дена од денот на приемот на приговорот.

       Доколку не сте задоволни од одговорот, можете да поднесете жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супервизија врз работењето на друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурување и застапниците во осигурување.

 

       2.5 КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС И ПРОВИЗИЈА

             Ризико Осигурување АД Скопје работи независно и ги застапува исклучиво интересите на своите клиенти. Во согласност со член 141 и член 142 од Законот за супервизија на осигурување, Ве информираме дека:

  • Нашето друштво не е во сопственичка, финансиска или друга зависност од ниту едно друштво за осигурување.
  • Ние немаме обврска или услови од страна на друштва за осигурување кои би можеле да влијаат на нашата независност при изборот на осигурителните производи или советување на клиентите.
  • Нашето друштво не прима дополнителни бонуси, стимулации или други награди од страна на друштвата за осигурување кои би можеле да создадат конфликт на интерес.

      Провизијата за услугата која ја вршиме како осигурителен брокер е вклучена во премијата за осигурување и е платена од страна на друштвото за осигурување со кое е склучена полисата. Клиентот не плаќа дополнителен надомест за нашата услуга.

      Доколку постои било каква околност што би можела да предизвика конфликт на интерес, истата навремено и јасно ќе Ви биде соопштена пред да се изврши посредувањето или да се склучи договорот за осигурување.

      Во согласност со законските обврски, секој клиент има право, на негово барање, да добие информации за провизијата што нашето друштво ја наплатило од друштвото за осигурување за конкретната полиса. За поднесување барање и увид во провизијата, Ве упатуваме да ја посетите следната страница: www.riziko.mk/clen142

      Ризико Осигурување АД Скопје останува посветено на принципите на транспарентност, независност и заштита на интересите на своите клиенти.

                                         

 

 

                                                                                            Ризикот доаѓа од тоа што не знаете што правите. (Ворен Бафет)

Контакт

Ул. Пролет бр 9А/ Приземје 1000 Скопје
Република Македонија

office@riziko.mk

389 2 31 66 222

Работно време

Понеделник - Петок / 8:30-16:30

Ризико Осигурување by

MegaByte