Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставува приоритет на РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ
Политиката на РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ е да ја почитува вашата приватност во однос на сите информации што може да ги собереме при Вашата посета на нашата веб страна. Оваа политика за приватност се однесува на https://www.riziko.mk
РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ е посветено на заштитата на личните податоци како и оние информации кои ги собираме при посета на нашата веб страна.
Согласно законските прописи за заштита на личните податоци оваа политика за приватност ги утврдува општите правила кои ја регулираат вашата употреба на нашата веб страна.
Оваа Политика на приватност е подготвена со цел да се појасни начинот на кој се врши обработката на Вашите лични податоци при посетата/регистрацијата како и on-line купување на полиси за осигурување на https://riziko.mk
Политиката се однесува единствено на заштитата на приватноста на личните податоци при посетата/регистрација како и on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини ниту на Вашата посета на другите интернет страници до кои пристапувате преку нашата веб страница.
Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ е Контролор на лични податоци, а субјекти на лични податоци се сите клиенти при посета/регистрација на нашата веб страница на која е достапна и услугата за on-line продажба на полиси за осигурување.
При посета на нашата веб страна, Друштвото собира лични информации за идентификација. Количеството и видот на информациите што ги собира Друштвото зависи од природата на интеракцијата. Доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете личните податоци преку регистрирање на нашата страница, со цел користење на нашите услуги и производи, во тој случај Друштвото според законските одредби ги собира и обработува Вашите лични податоци.
Оваа политика се однесува на начинот на кој Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот при посетата/регистрација како и on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата.
При посета на веб сајтот секој корисник пристапува со одредена ИП адреса која е различна за секој компјутер и се доделува од страна на интернет провајдерите. Друштвото не собира лични податоци за корисниците/посетителите на веб сајтот (освен ИП адресата).
Имајќи ја во предвид основната дејност на Друштвото, користењето на страницата не е дозволено за лица помлади од 18 години.
За да го збогатиме Вашето on-line искуство, Друштвото користи колачиња, технологии и услуги што ги даваат другите за прикажување на персонализирана содржина, соодветно рекламирање и складирање на Вашите преференции на Вашиот компјутер.
„Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат во компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да се користат само за потребите на веб услугата и тоа на начин кој нема да ја загрози Вашата приватност. Политиката за „Cookies“ е достапна во понатамошниот дел од текстот
Личните податоци кои ги собираме и обработуваме се со цел навремено да Ви ја обезбедиме бараната услуга како што се:
Кога се регистрирате онлајн, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, Друштвото го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со HTTPS протоколот за заштита на информации.
Во случај на електронско плаќање за on-line полиса за осигурување, РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ нема пристап до податоците во врска со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие директно се испраќаат и процесираат од платежниот процесор на банката преку сигурносна врска помеѓу клиентот и банката, која согласно законските прописи за заштита на лични податоци врши обработка на Вашите лични податоци. Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која истите се собрани. Обработката на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
Во однос на субјектот на личните податоци и обработката на истите Друштвото управува со законитост, правичност и транспарентност согласно Закон за заштита на лични податоци.
Податоците кои ги собираме се за конктретни, јасни и легитимни цели.
Секој вработен во Друштвото има посебно овластување за пристапот до Вашите лични податоци кој е ограничен и само оние вработени кои имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци ги користат со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.
Рокот за чување на собраните податоци е предвиден согласно закон и не е подолг од потребите за исполнување на целта поради која се обработуваат (10 години од завршување на деловниот процес со Друштвото).
Друштвото применува соодветни технички и организациски мерки со кои обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање, преправање, нивно случајно губење или евентуална злоупотреба на истите.
Ние се стремиме да ги користиме најдобрите мерки за заштита на Вашите лични податоци, но ниту еден метод за електронско складирање не е 100% сигурен. Апсолутната сигурност Друштвото не може да ја обезбеди.
Вработените во РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ тековно се едуцираат за обезбедување на целосна заштита и тајност при ракување и обработка на Вашите лични податоци. Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со трети лица без Ваша претходна согласност.
Кога Вие при посетата/регистрацијата како и on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата ги оставате личните податоци за обработување, Друштвото не ги пренесува Вашите лични податоци во трети земји.
При промена на нашите интерни акти и соодветно законските правила и прописи, редовно ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за приватност. Вашата континуирана употреба на нашата веб страна по секоја промена извршена во Политиката ќе претставува Ваше прифаќање на промената која е извршена.
Со користењето на интернет страницата на РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата.
Вие како наш корисник, имате право врз основа на писмено барање доставено на адресата на Друштвото ул.Пролет бр 9а/Приземје 1000 Скопје Република Македонија или барање преку електронската адреса contact@riziko.mk да пристапите до Вашите лични податоци со барање:
за да бидете информирани за Вашите лични податоци кои се обработуваат;
за да бидете информирани за целта на обработка и правен основ за тоа;
да имате пристап до Вашите лични податоци;
за исправка, бришење, повлекување на согласност, барање за ограничување на обработката, право на преносливост и право на приговор.
Контакт
Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да не контактирате на следната електронска адреса: contact@riziko.mk или да контактирате со Офицерот за заштита на личните податоци на Друштвото на телефонскиот број: 02 31 66 222 или на e-mail адресата contact@riziko.mk
Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за да одговориме на Вашето барање.
Ви благодариме за посетата на нашата интернет страница.
Колачиња се низа информации (текстуални фајлови) кои се снимаат на Вашиот компјутер или мобилен телефон/смарт уред при посета на веб страните. Истите се користат како механизми за чување на Вашите активности и подесувања при посета на веб страна, а се со цел да се обезбеди побрз и персонализиран пристап до содржините на истата, како и заради следење на статистика за посетеност на истата и приказ на соодветни содржини.
Генерално постојат два типа на колачиња и тоа „постојани“ и „привремени“, со тоа што постојаните остануваат на Вашиот компјутер и при напуштање на веб страна, додека привремените колачиња се бришат со самото затворање на прелистувачот.
РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ со помош на овие фајлови го следи движењето на посетителите на веб страната https://www.riziko.mk и на тој начин собира податоци за да го подобри корисничкото искуство, анонимни статистички податоци, подесувања и да ја оптимизира и унапреди функционалноста на веб страната.
РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ користи постојани колачиња кои се чуваат кога корисникот ќе го исклучи самиот прелистувач, како и сесиски колачиња кои се наменети за чување на подесувања во тек на самата сесија односно со напуштање на веб страната истите се бришат.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-necessary | 1 month | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-advertisement | 1 month | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Advertisement". |
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-functional | 1 month | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-performance | 1 month | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 1 month | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |